Деловна соработка
  • Производство и продажба

Како вертикално интегрирана компанија во системот на создавање на вредности, Бионика Фармацеутикалс заедно со своите основачи, може да  понуди комплетна услуга за територијата на Југоисточна Европа. Со завршувањето на инвестицискиот циклус подготвени сме да понудиме договорна услуга (outsourcing) за сите фази:

  • Набавка
  • Производство
  • Пакување
  • Етикетирање
  • Регистрациски услуги
  • Испорака
  • Продажба и маркетинг

Предностите од склучување договор со нашата компанија за овие услуги како продолжена рака за територијата на Југоисточна Европа се повеќекратни. Тргнувајќи од пазарните предности, најпрво со набавка на суровини и материјали од локални добавувачи се избегнува транспортот и се добиваат поволни услови, со што финалниот производ ќе има поконкурентна цена на овие пазари. Со доближување на местото на производсто до крајниот потрошувач се добива во ефикасност, како и побрза реакција на сите пазарни движења. Со тоа квалитетно се покрива голема пазарна територија преку искористување на нашето повеќегодишно искуство.

Што се однесува до производствените предности, се елиминираат трошоците за изградба на нов или проширување на постоечкиот капацитет со што се намалува ризикот од нова инвестиција и товарот на манипулација со опремата, одржување и обука за ракување, а при тоа се добива високо квалитетно производство со ЕУ (GMP) сертификат со кој може да се пласира на сите пазари.

Покрај овие активности обезбедуваме регистрациски услуги, носители на одобрение за продажба, промоција, малопродажен маркетинг, дистрибуција, увоз и извоз.

  • Лабораторија

Комплетни лабораториски услуги во Микробиолошка лабораторија, Лабораторија за контрола на квалитет на производи, и Лабораторија за  истражување и развој.

Услови за користење на web-site / Kонтакт
Bionika copyright. Сите права задржани. Услови на користење / Приватност / Мапа на сајтот