Мисија и Визија

Визија

Нашата основна визија е Бионика Фармацеутикалс да стане значаен регионален производител на диететски производи, ОТЦ лекови и лекови на рецепт, без да прави било каков компромис во однос на квалитетот на своите производи и услуги. Во истата насока ќе работиме напорно на градење партнерства со најголемите светски фармацевтски компании за да станеме нивна доверлива продолжена рака за регионот на Југоисточна Европа и пошироко. 

Мисија

Ние во Бионика Фармацеутикалс се стремиме кон успех во сѐ што работиме и токму поради тоа нашата мисија е успешно да делуваме на пазарите каде што сме присутни. Преку целосната посветеност кон обуката и развојот на сите вработени, внимателните истражувања и понудата на интелигентни решенија, ние отвораме нови можности за нашите потрошувачи. Според тоа, создавајќи вредност за нашите потрошувачи допринесуваме за растот и развојот на компанијата како и за целото опкружување.
 

Услови за користење на web-site / Kонтакт
Bionika copyright. Сите права задржани. Услови на користење / Приватност / Мапа на сајтот