Човечки капитал

Човечкиот капитал претставува карактеристика која ја издвојува  нашата компанија во однос на квалитетот и посветеноста за постигнување на мисијата.

Имајќи ја носечката улога во производствениот процес, производствениот кадар е од посебно значење за Бионика Фармацеутикалс. Со цел да се постигне неприкосновен квалитет, истиот е внимателно селектиран со богато искуство во: добра производствена пракса (GMP), добра лабараториска пракса (GLP), добра дистрибутивна пракса (GDP), организација на производство, истражување, развој и стабилност на лекови.

Исто така, вработените се обучени за потврда и одобрување на квалитетот на активни супстанции, помошни компоненти како и на сите суровини за производство.

Дополнително, персоналот има долгогодишно искуство во развој на генерици, диететски производи, ОТЦ лекови, преформулации, формулации, производствени проби, производствени формули како и за потврда на технолошките процедури.

Што се однесува до контролата на квалитетот (QC), Бионика Фармацеутикалс располага со експертиза во подготовка на документација, потврда на аналитичките методи како и развој на сопствени аналитички методи.

Ставање во промет на лековите и останатите административни процедури како: регистрација на нови производи, подготовка на досиеја во CTD формат, примероци за биоеквиваленција и сѐ што е потребно за добивање на пазарна авторизација, е исто така експертиза која Бионика ја поседува.

 

Услови за користење на web-site / Kонтакт
Bionika copyright. Сите права задржани. Услови на користење / Приватност / Мапа на сајтот