Контрола на квалитет
Контрола на квалитет

Посветеноста на квалитетот е наша одредба на кој се заснова начинот на кој ние работиме. Целта на воведување на GMP (Good manufacturing Practice)  стандардите е сигурност во постојаноста на квалитетот на производството и контролата на производите. За постигнување на нашата мисија, ние во потполност ги следиме барањата на релевантните меѓународни стандарди и препораки. Клучна алатка за ефикасно и адекватно спроведување на GMP стандардите е соодветно обучен и компетентен персонал со практично искуство. За таа цел нашата компанија обезбедува континуирана едукација и обука на вработените.

Лабораторијата за контрола на квалитет опфаќа координирани активности за контрола на квалитетот на влезниот материјал, ин процес контрола и  контрола на готов производ со дефиниран рок на траење, специјални услови за негово чување и спецификација која е во склад со најстрогите меѓународни стандарди.

Контрола на влезен материјал


Контролата на активните компоненти, екципиенсите, примарната и секундарната амбалажа опфаќа активности за контрола на нивните физички и хемиски карактеристики.  

Ин процес контрола и контрола на готови производи

Производите се надгледуваат во сите фази од производство. Физичките, хемиските и фармацевтско-технолошките карактеристики на готовиот производ мора одговараат на спецификациите. Следењето на стабилноста на препаратот се изведува за време на декларираниот рок на траење. Анализите се изведуваат со помош на модерни валидациски инструменти и тоа течна хроматографија со висок притисок, спектрофотометрички инструменти итн.

Микробиолошка контрола

Микробиолошката лабораторија е изградена во склад со најсофистицираните cGMP норми. Во класифицирани области, инсталирана е соодветна опрема како: кабинети за био-безбедност, инкубатори, суви стерилизатори, автоклави, ладилници/замрзнувачи, микроскопи итн. Преку координирани и строго утврдени процедури се извршуваат следниве активности: контрола на производ, контрола на системот за прочистена вода, надзор на чистотата на собите и опремата и сите останати активности во склад со GMP стандардите.

Услови за користење на web-site / Kонтакт
Bionika copyright. Сите права задржани. Услови на користење / Приватност / Мапа на сајтот