КЕРЛАКС

Глицерол, камилица, и слез микроклизма 9 g - за возрасни

Глицерол, камилица, и слез микроклизма 3 g - за деца

 Состав:

1 микроклизма содржи:

  • глицерол, пченичен скроб, течен екстракт слез, течен екстракт камилица и прочистена вода.

Механизам на дејство:

  • Ја намалува цврстината на столицата, ја подмачкува и со тоа го олеснува празнењето на дебелото црево.

Контраиндикации:

  • Микроклизмите не треба да се користат за лекување акутна стомачна болка или било каква болка од непознато потекло.

Несакани дејства:

  • Кај пациенти особено чувствителни на некоја од состојките или кои имаат воспаление на мукозната мембрана на дебелото црево, препаратот може да предизвика надразнување.

Дозирање:

  • 1 до 2 микроклизми во период од 24 часа.

Начин на употреба:

Секоја КЕРЛАКС микроклизма со глицерол, камилица и слез е поединечно спакувана што ја гарантира хигиената и практичноста на производот се до моментот на употреба.

За да го отворите контејнерот отстанете ја ќесичката потоа фатете го вратот и завртете го капачето за да го отстраните. При ракување не го фаќајте контејнерот за еластичната пумпа зошто дел од течноста може да истече. Подмачкајте ја нозлата со истиснување на една капка од течноста а потоа вметнете ја во ректумот и истиснете ја течноста со притискање на еластичната пумпа. Извадете ја нозлата без да го ослободите притисокот на пумпата и фрлете го контејнерот во канта за отпадоци.

Микроклизмите да се чуваат на суво место на температура помеѓу 4ºC и 30ºC

Услови за користење на web-site / Kонтакт
Bionika copyright. Сите права задржани. Услови на користење / Приватност / Мапа на сајтот