УРЕА 40%

УРЕА 40% Крем за кожа и нокти

Состав:

Активна состојка:

  • УРЕА 40% (carbamide), 1g крем содржи 400 mg уреа.
  •  Други состојки: цетил палмитат, цетил алкохол, полисорбат 60, сорбитан моностеарат, бензил алкохол, млечна киселина, триетаноламин, прочистена вода.

Напомена:

Уреата има кератолитичко и емолиентно дејство. Се користи при дополнителна нега на ксероза, атопичен егзем и псоријаза; при тврдокорни калуси и задебелувања на стапала, раце, колена, ги измазнува и намалува задебелувањата на оштетените нокти. Ја измазнува кожата и го намалува грубиот изглед. Ги штити ноктите од надворешни влијанија.

Начин на употреба:

Се нанесува 2 пати/ден до постигнување на саканиот ефект (до 3 месеци). Нанесете го кремот УРЕА 40% на местото кое треба да се третира. Не ја нанесувајте на околното ткиво. Доколку сакате, може да го покриете местото со завој или газа и да го прицврстите со леплива лента.

На површината на оштетените нокти изобилно нанесете од кремот и покријте ги како што е погоре опишано. Можете да употребите и пластична или винилна навлака за прст за дополнително да го заштитите прстот со завој. Чувајте го ноктот изолиран од влага 3-7 дена.

Напомена:

  • Само за надворешна употреба
  • Не ја употребувајте кремата доколку сте чувствителни на некоја од нејзините состојки
  • Да не се користи кај деца помали 3 години

Пакување:

  • 50 g крем во PЕ туба/картонска кутија

Дополнителни информации:

  • Дерматолошки тестирано
  • Не содржи парфем
  • Не содржи парабени
  • Не масти

Услови за користење на web-site / Kонтакт
Bionika copyright. Сите права задржани. Услови на користење / Приватност / Мапа на сајтот