ВИГОРИКС ИНТЕНС

ВИГОРИКС ИНТЕНС

додаток на исхрана

30 капсули, тврди

Состав:

Една капсула содржи:

  • 110,6 mg кофеин, 100 mg екстракт од корен на жен-шен (Panax ginseng, 20% гинсенозиди), 87,5 mg екстракт од семе на гварана (Paullinia cupana), 18 mg никотинамид (витамин Б3), 6 µg цијанокобаламин (витамин Б12) и 1,5 mg пиридоксин хидрохлорид (витамин Б6). Други состојки: пченкарен скроб, магнезиум стеарат; желатин и титан диоксид (E171).

Дејство:

ВИГОРИКС ИНТЕНС капсулите содржат микроинкапсулиран кофеин со продолжено ослободување (Newcaff™), екстракт од корен на жен-шен (Panax ginseng), екстракт од семе на гуарана (Paullinia cupana), никотинамид (витамин Б3), цијанокобаламин (витамин Б12) и пиридоксин хидрохлорид (витамин Б6).

  • придонесуваат за нормален енергетски метаболизам
  • намалуваат замор и исцрпеност
  • поволно влијаат на нормална функција на нервниот систем
  • допринесуваат за нормална психолошка функција
  • ја регулираат хормоналната активност
  • влијаат на нормализација на метаболизмот на протеините и гликогенот
  • допринесуваат за нормалнo формирање на црвени крвни клетки
  • допринесуваат за нормално функционирање на имунолошкиот систем
  • допринесуваат за нормален метаболизам на хoмоцистеинот

Зошто да употребувате ВИГОРИКС ИНТЕНС:

Капсулите ВИГОРИКС ИНТЕНС поволно влијаат на метаболичките процеси во организмот. Се нормализира метаболизмот на протеините и гликогенот со што се намалуваат чувството на замор и исцрпеност, зголемувајќи ја физичката издржливост. Поволно влијаат на функционирањето на нервниот систем зголемувајќи ја менталната работоспособност. Учествуваат во формирањето на нормални црвени крвни клетки и допринесуваат за нормално функционирање на имунолошкиот систем со што ја подобруваат општата состојба на организмот.

Контраиндикации:

Не употребувајте ВИГОРИКС ИНТЕНС доколку сте чувствителни на некоја од неговите состојки.

Предупредувања и несакани дејства:

Не се препорачува за деца или бремени жени.

Нема пријавени несакани ефекти или појава на токсичност поврзана со употреба на прeпоpaчаните дози.

Дозирање и начин на употреба:

Возрасни: една капсула дневно.

Не ги употребувајте додатоците на исхрана како замена за храна.

За дополнителни информации обратете се кај Вашиот фармацевт или лекар.

Услови за користење на web-site / Kонтакт
Bionika copyright. Сите права задржани. Услови на користење / Приватност / Мапа на сајтот