ФОЛИОД

ФОЛИОД

Додаток на храна при бременост и доење

Неопходна комбинација од фолна киселина и калиум јодид :

  • 400 µg фолна киселина
  • 100 µg калиум јодид

Фолната киселина и јодот се најважните супстанции кои треба да се надополнуваат во текот на целата бременост и доењето. Потребите за Јод и Фолна киселина во текот на бременост и лактацијата се зголемуваат за два пати и обично не се комплетно задоволени само со внес на храна.

Со користење на ФОЛИОД капсулите, уште пред почетокот на бременоста, за време на целата бременост и доењето се овозможува оптимално задоволување на зголемените потреби за јод и фолна киселина и со тоа овозможува нормален развој на психолошките, невролошките и когнитивни функции на плодот.

Оптимални дневни потреби кај бремени жени :

  • фолна киселина 400 µg
  • јод 200 µg

Фолната киселина (Фолат) има важна улога во:

  • процесите на делба на клетките, а посебно за време на процесите на диференцијација и раст на клетките на ембрионот и фетусот.
  • Нормална ситеза на аминокиселини
  • нормално создавање на крвни клетки
  • развивање на нормална психолошка функција и нормална функција на имунолошкиот систем
  • Нормалeн метаболизам на хомоцистеин

Во текот на бременоста потребите од фолна киселина се зголемуваат за 100 %. Тоа е поради растот на матката, зголемениот волумен на крв, растот и развојот на постелката и плодот. Надополнувањето на зголемените потреби е исклучително важно. Поради докажаната поврзаност меѓу внесувањето на фолати и нарушувањата во феталната неврална цевка, на сите репродуктивно способни жени им се препорачува дополнителен внес на 400 µg фолати.

Јодот е од есенцијално значење за нормално функционирање на тироидната жлезда, односно за формирање на двата тироидни хормони Т3 и Т4. Во текот на бременоста активноста на тироидната жлезда е два пати зголемена, со што се зголемуваат и дневните потреби на јод. Оптимално задоволување на потребите од јод во текот на бременоста овозможува нормален развиток на когнитивните и невролошки функции кај плодот.

Се препорачува кај :

  • жени кои планираат бременост
  • бремени жени (во текот на целата бременост)
  • доилки

Дозирање:

  • Една мека желатинска капсула на ден се препорачува со главниот оброк

Услови за користење на web-site / Kонтакт
Bionika copyright. Сите права задржани. Услови на користење / Приватност / Мапа на сајтот